Св. Георгиј во с. Велушина
Неполни 2 км. западно од селото Велушина, на едно возвишение од каде се
гледа целиот јужен дел од Пелагониската котлина е сместен манастирот Св.
Георгиј. До манастирот води тесен асфалтен пат, што овозможува многу добра
комуникација со селото и претставува причина повеќе при престојот во Велушина
да не се пропушти оваа локација. Во комплексот се влегува низ големата
манастирска порта, вклопена во приземниот дел на конакот, изграден јужно од
црквата.
Храмот Св. Георгиј претставува релативно мала трикорабна градба поставена
кон средината на манастирскиот двор. Од југоисточниот агол, црквата е
надвишена со камбанаријата изведена од делкан камен. Во светилиштето се
влегува низ тремовите од јужната и западната страна. Според натписот исклесан
врз каменот над западниот влез, градбата е подигната во 1839 година.
Над јужниот влез, во внатрешноста на храмот, постои опширен натпис во кој се
внесени важни податоци поврзани со сликањето на црквата. Во натписот се
испишани сите оние кои помогнале да се наслика овој свет храм. Испишана е и
годината 1848 како време на изработката на живописот. Самиот Јован Зограф, за
себе кажува дека е по потекло од селото Хјонатон или Хјонадес, но дека оттаму се
преселил во Трново. Во насликаната програма Јован Зограф во долниот појас ,
вообичаено ја поставил галеријата на стоечки светители во цел раст. Во горните
партии се сцените со претставите на Христовиот живот и страдања. Заслужува
внимание илустрирањето на сцени од детството и успението на св. Богородица
како и од поетската композиција позната како Акатистот на Богородица. На
темето од полукружниот свод се поставени во медаљони допојасните претстави на
Св. Јован Крстител, малиот Исус обележан како Емануил како и Христос
Пантократор или Седржител. Над иконостасот се претставени Св. Тројца и тоа
Господ Саваот, Исус Христос и Светиот Дух. Импресионира стилот на Јован Зограф
кој на многу места, успешно прави соединување на традиционалната
поствизантиска иконографија и новите решенија инспирирани од западната 31
уметност кои продираат на нашива простори веќе од втората половина на 18 век.
Неговите композиции како што се на пример сцените од Христовиот живот или од
Акатистот на св. Богорица исполнети со многу учесници, изнесени во еден
раскажувачки стил, со многу детали, повеќе наликуваат на иконописни
остварувања отколку на монументално сликарство.
Иконостасот во црквата, кој го одвојува олтарниот простор од централниот дел,
исполнет е со икони работени од повеќемина зографи. Според стилските
карактеристики, изгледа дека претставата на Архангел Михаил врз вратата на
северниот дел од иконостасот е дело на Јован Зограф, авторот на ѕидното
сликарство. Од првата половина на 19 век е датирана и големата икона на Св.
Георгиј, патронот на храмот. Другите престолни икони како и иконостасниот крст,
стилски се блиски со творештвото на браќата Константин и Димитар Анастасови
од Магарево. Од нив најверојатно се и насликаните медаљони со претставата на
Благовештението врз царските двери украсени со резба. Иконите од горниот ред
на иконостасот, вкупно 15, со сцени од животот на Христос, се карактеризираат
со една поинаква ликовна и колоритна звучност во однос на другите дела.
Впечаток е дека корените на овој ликовен пристап со тенденција кон
идеализирање и сцени поставени во перспектива низ класицистички
архитектонски форми, се инспирирани од примери на постарите западни
мајстори од другата страна на Јадранот, чија уметничка филозофија била блиска
на ренесансната уметност.

Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден, па и во народната песна се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.
Според едни извори свети Георгиј Победоносец е роден во Кападокија, во Мала Азија, според други во градот Бејрут, а според трети во Лида Палестинска, околу 270 година. Неговите родители биле богати, но чесни и побожни. Рано останал без татко, по што мајка му заедно со него се преселила во Палестина од каде што потекнувала и каде што поседувала голем имот. Таму го минал детството посетувајќи ги местата каде што Исус го проповедал своето учење. Тука се стекнал и со образование. Бил висок, убав и храбар поради што добил висока служба во војската. Уште на 20 годишна возраст добил висок чин – воен трибун, а подоцна императорот Диоклецијан го поставил за член на државниот совет, што, исто така, значело големо признание. Но тогаш императорот не знаел каква религија исповедува младиот воен старешина. По смртта на мајка му тој станал наследник на големиот имот, но набргу ги ослободил робовите, а имотот го разделил на сиромасите. Со тоа како да се подготвувал за јавно проповедање на својата вера.
Кога Диоклецијан започнал жесток прогон на христијаните, Георгиј му се спротивставил, ги зел во заштита неправедно прогонетите и самиот признал дека верува во Господ Исус Христос. Тоа многу го изнедило и го разочарало императорот кој бесен на својот војник наредил веднаш да биде затворен и подложен на најсурови мачења, со единствена цел да се откаже од својата вера и да му се врати на идолопоклонството. Но св. Георгиј не би бил Победоносец ако не бил толку истраен во свото убедување. Легендата вели дека ноќта пред да оди кај царот му се јавил Исус, на главата му ставил победнички венец и го охрабрил да издржи во своето верување ветувајќи му дека наскоро ќе го земе кај себе.
Кога св. Георгиј на императорот му рекол дека не е само негов туку и Исусов војник бил подложен на најсурови мачења. Најпрвин бил положен на грб, нозете му биле ставени во клада, а врз него бил турнат голем камен. Кога тоа не го поколебало, го ставиле врз тркало под кое имало штици со шајки кои му го парале телото. Кога и тоа не повлијаело го тепале со воловски жили, го ставиле во дупка полна со негасена вар и турале вода, му облекле усвитена облека, три дена го држеле закопан во земјата само со главата над земја. Најпосле му дале да испие отров, а кога и тој не дејствувал му ја отсекле главата. Гледајќи ги овие страдања на св. Георгиј особено брзото исцелување на раните и отпорноста на отровот, жената на Диоклецијан, Александра јавно изјавила дека го прифаќа христијанството, поради што била осудена на смрт. Одејќи кон губилиштето таа му се помолила на Господа и веднаш му ја предала својата душа.
Свети Георгиј е погубен на 6 мај (23 април, с.с.) според некои извори 303 година и секоја година на овој датум Светата црква го празнува споменот на својот Великомаченик. На иконите, св. Георгиј е претставен како војвода, како на коњ ја убива ламјата којашто се наоѓа под копитата на коњот. И во легендите се раскажува, а и во песните се пее дека светецот навистина ја убил ламјата што на народот му правела голема штета. Преку убиството на ламјата симболично е прикажан придонесот на светецот во борбата и победата над негативните демони. На иконите во заднина се гледа женски лик што ја претставува царицата Александра, којашто, исто така, свесно се жртвувала, исповедувајќи ја истата вера како и светецот Георгиј Победоносец.

На Ѓурѓовден се изведуваат многу и најразлични обичаи. Ниту за еден друг празник ги нема толку со магиско апотропејска цел како што е случајот со Ѓурѓовден. А сето тоа има цел да осигура напредок и плодност на стоката и полињата, здравје, среќа и напредок на луѓето. Овој празник има многу сличности со други празници кај разни народи во разни периоди од развојот на човештвото воопшто. Така на пр. има многу сличности со римскиот празник Палилија (21 април) кога Римјаните ги кителе стоката и шталите со зелени гранки, а овчарите на богот Палес му принесувале жртви за тој да ги заштити и луѓето и стоката од разни несреќи и да обезбеди напредок. Празници, според обичаите, слични на Ѓурѓовден можат да се сретнат и кај некои други народи. Така на пр. Литванците во 16 век на 23 април му принесувале жртви на богот на пролетта, растенијата и зеленилото.
Кај нашиот народ со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна пословица се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден“. На овој ден се избираат селски одборници, протуѓери, полјаци, потоа се главуваат момоци, овчари, козари, говедари итн. Заедно со тоа луѓето се подготвуваат за периодот што следува и што е исполнет со многу, пред сè, полски работи. Човекот му се радува на оживувањето на природата, никнувањето на есенските посеви, на разлистувањето на овошките на раззеленувањето на гората и на обновувањето на вегетацијата воопшто, бидејќи тоа значи и негова егзистенција. Меѓу повеќето обичаи и песни поврзани со овој ден посебно значајно место заземаат оние т.н. билјарски обичаи и песни што се изведуваат при берењето на билките, вечерта спроти празникот и на самиот ден рано наутро. Берењето на штотуку изникнатите и разлистени растенија е поврзано со обичајот запотнување, како и со обичајот крмење на стоката, а тие пак со верувањето во магичната моќ на билките. На билје се оди во блиските шуми каде што можат да се најдат разлистани некои билки за кои се верува дека поседуваат магиска моќ, како што се кукурекот, здравецот, вратиката, среќата, но и некои други растенија како леската, дренот и сл. Таму, во групи, девојки, млади невести или постари жени, ги изведуваат билјарските обичаи и ги пеат билјарските песни.