Св. Георгиј во с. Велушина
Неполни 2 км. западно од селото Велушина, на едно возвишение од каде се
гледа целиот јужен дел од Пелагониската котлина е сместен манастирот Св.
Георгиј. До манастирот води тесен асфалтен пат, што овозможува многу добра
комуникација со селото и претставува причина повеќе при престојот во Велушина
да не се пропушти оваа локација. Во комплексот се влегува низ големата
манастирска порта, вклопена во приземниот дел на конакот, изграден јужно од
црквата.

с. Велушина
Првите, први и најсигурни податоци за постоењето на Велушина датираат од XV век. Во пописот што го направи Турската администрација на населението во Турското царство во 1468 година, а со кој е опфатена и Битолската нахија, селото е забележано во формата Велушино. Истата форма се среќава и во следниот попис сто години подоцна односно во 1568 год. Почнувајќи од XVIII век турските документи покрај првата ја забележуваат и другата форма - Велушина. Таа станува понатака стандардна и неа ја следат сите битолски документи (сиџили) кои се водат од XVII-XIX век. Во XIX век за селото и нема друго име освен Велушина. Полрај во турските, името на селото се споменува и во словенските писмени споменици. Со формите Велушино и Велушина регистрирано е во Слепченскиот кодик од XVI век, потоа во Продромскиот споменик, што ќе го открие и ќе го објави рускиот славист Виктор Иванович Григорович, а чии записи се од XV-XVII век. Собирачот на народни песни и етнографски материјали од XIX век Стефан Верковиќ, пак селото го регистрирал во формата Велушјани. Колебањата меѓу двете форми продолжиле и понатака. Прусиецот Хенри Барт, кој поминал низ Македонија и низ Биролско во есента 1862 год. и кој, со восхит говори за Велушина, селото го открива во формата Велошина. Сиве овие непрецизности и колебања веројатно доаѓаат од различното регистрирање на изворниот изговор на велувци. Тие своето село, иако тоа денес насекаде фигурира како Велушина, го именуваат како Велујшна. Ојконимов е епоним, добиено од лично име, слично како ојконимите Мариово, Лазарополе, Алинци и др. Личното име на оној што му го дал било Велуша, а тоа е хипокористично име од Вело, со антропонимскиот суфикс-уша. Велуша како име го среќаваме уште од XV век, а произлезено е од Вело, тоа е прв дел од сложените антропоними како што биле Велибор, Велимир, Велислав, кои претставувале старословенски форми. Вело, пак доаѓа од морфемата „вели“, која имала значење на „голем“. „Велушин“, претставува деривувано име од личното име Велуша, а со антропонимскиот суфикс-ин. Народните преданија ги поткрепуваат ваквите тврдења. Тие говорат за некој „војвода“ кој бил прв доселеник и кој му го дал името. Според нив тој се викал Велуш.
Велушка Тумба
Велушката Тумба е неолитска населба, која, иако просторно е поблиску до селото Породин, заради што се наоѓа на Велушки имот е наречена Велушка. Таа, всушност е само една од бројните тумби во Пелагонија (досега откриени 70-тина) кои говорат за еден динамичен живот во предисторијата на овие простори. Првите археолошки рекогнистицирања започнале во далечната 1952 година, а систематски дваесет години подоцна (1972) од група археолози на Битолскиот завод и музеј, со Драгица Симоска, со Воислав Санев од Народниот музеј на Штип и Саржо Саржовски од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата од Скопје, заедно со екипа асистенти и помошници.
Велушката Тумба по димензии е слична со другите тумби од Пелагонискиот регион. Таа се протега во правец исток - запад и долга е 250 м, а широка 150 м, си висинска разлика од 0,70 м, на источниот и 5 м на западниот дек. Била живеалиште на неолитски луѓе во подолг период, зашто врз неа се пластеле слој по слој, односно време на време.
Локацијата на Тумбата неолитските луѓе ја прифатиле од неколку причини: околу неа имало плодно земјиште на кое ги саделе и сееле земјоделските производи, во близина била Велушката Река чии води биле изобилно ползувани, а во близина била и Црна Река од каде влечеле рибен материјал, но и трска, шамот и др, додека на запад се наоѓала Баба Планина и нејзините природни ресурси од дрвена граѓа и камен за оружје и орудија.
Во четирите хоризонтали од остатоци на надземни објекти за живеење, се откриени урнатини од куќи, делови од куќен лепеж и подни конструкции. Овие објекти неолитските луѓе ги граделе од дрво, трска и кал, помешан од плева, билки и др. Каменот бил исто така употребуван, но парцијално. Подовите биле направени од глина, која била набиена и од дрвен материјал премачкан со глина. Куќите имале веројатно правоаголна форма.
Орудијата што се пронајдени, а не се во голем број, правени се од камен, коски и керамика. Најмногу има глачени камени алатки, изработени од кварцни и кварцноепидосни карпи. Се среќаваат во вид секири, тесли и длета. Орудијата од коска, исто така, се ретки. Кога се среќаваат, тогаш се шила и гладилници. Првите се обработка на коска од нозе на животни на едниот крај зашилени. Ако коската на едниот крај е колено, тогаш тој дел служи за држење на орудието. Третиот вид орудија се од печена глина. Нив ги има најмногу како во делот од куќите, исто така и надвор од куќите. Токму овие обработки сугерираат дека кај неолитскиот човек бил добро развиен грнчарскиот занает. Сосема очекувано, токму овој материјал од сферата на керамиката е најмногуброен. Глината што е употребувана е од подрачјето на Тумбата и таа е или прочистена (сеена) или со мали примеси од песок (несеена).
Во Велушката Тумба се среќаваат два вида керамика што е случај, впрочем, и за сите пелагониски тумби од овој период: груба керамика за секојдневна употреба и фина керамика и за секојдневна употреба, но и за култни цели. Првата се состои од лонци, садови, капаци, чинии итн. и таа покажува дека ваквата керамика била основна во домашното живеење. Култната, пак, е во врска со духовниот живот и со религиозните претстави на неолитскиот човек, па ја имаме во вид антропомотфни и зооморфни фигури и жртвеници. Првите егземплари се најинтересни и покажуваат висок степен на уметничко обликување. Главно, тоа се стилизирани женски фигури, во чија основа сотјат претставите за пра-мајката, божицата на земјата и плодородието. По правило, кај неа со неприродни размери се нагласени насекаде глутеите, кусите нозе, секако поврзани со претставите за плодноста. Панданот на овие статуетки, машки статуетки, во Велушката Тумба не се пронајдени. Зооморфната, односно териоморфната пластика сосема малку е застапена, освен неколкуте од кои може да се согледа дека се работи за претстави на свиња или овца, како и претстави на елен.
Жртвениците кои се изработени од глина ги има во I и II слој и тие се наоѓале и во домот и надвор од него. Служеле во врска со култите и магиските обреди. Сите овие предмети покажуваат висок степен на организиран живот. Очигледно е дека пелагонискиот неолитски човек веќе е врзан за земјата и за одреден простор. Основна негова преокупација не била ловот и скитањето, туку земјоделието. Од повеќето житни култури што се пронајдени, најмногу е застапена пченицата. Таа се мелела со рачни мелници изработени од камен, а кои се наоѓале во самиот дом. Неолитскиот човек одгледувал и домашни животни, како што се свињи и преживари (говеда и овца). Ловот не го имал напуштено и тој бил значаен дел од неговата стопанска активност.